Шпанскиот првак Атлетико Мадрид успеа да го елиминира Манчестер Јунајтед триумфирајќи на „Олд Трафорд“ со 0:1. Ренан Лоди беше стрелец на победничкиот гол во 41.минута, но капитенот Коке како најдобар играч на натпреварот го истакна голманот Јан Облак.
„Облак е најдобриот голман во светот. Кога го имаме расположен на голот, тогаш едноставно сме непобедливи. Среќни сме, елиминиравме голем клуб, а драго ми е што се враќаме во потребната форма во вистинско време“, изјави Коке.