Top Sport

Статистиката на Роналдо и Меси во Лигата на шампионите

Вечерва започнува 28 сезона во Лигата на шампионите, која на индивидуален план повторно ќе донесе борба помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, единствените во светот на фудбалот што успеале да постигнат повеќе од 100 гола во елитното натпреварување.

Импозантно делуваат бројките кога се во прашање Португалецот и Аргентинецот. Роналдо постигнал 126, а Меси 112 гола во Лигата на шампионите. Минатата сезона Меси малку ја намалил разликата, беше прв стрелец со 12 гола, додека Роналдо постигна шест гола.

Статистички бројките се на страната на Роналдо кој прв ја надминал бројката од 100 гола, додека Меси има подобар просек од постигнати голови по натпревар.

Од друга страна Роналдо на повеќе натпревари постигнувал по два гола има еден хет-трик повеќе на своето конто.

Меси два пати во Лигата постигнал четири гола на натпревар во Лигата на шампионите, додека Роналдо тоа го направил само еднаш.

Португаецот има повеќе постигнати голови од пенал, повеќе асистенции, повеќе пати постигнал гол со глава.

Меси е подобар стрелец кога се во прашање осмина-финалните натпревари, додека Роналдо е поуспешен кога ЛШ влегува во завршницата (четврт-финале, полу-финале, финале).

Scroll to Top