Top Sport

Колабираше Анжи Махачкала, клубот за кој играа Ето и Роберто Карлос

Рускиот фудбалски клуб Анжи Махачкала, за кој во минатото играа фудблери како Самуел Ето, Вилијан и Роберто Карлос, најверојатно ќе ги затвори своите врати откако не доби лиценца за настап во руската трета лига.

Клубот од Дагестан не доби дозвола да игра во ФНЛ 2 лигата, што значи дека веќе не може да се смета за професионален клуб.

„Целиот тим на Анжи ги направи сите можни обидид да ја помине лиценцната процедура до самиот крај. Клубот ги сфаќа причините за одбивањето на лиценцата и проценката на финансиските услови кои владеат. Се обиовме да ги платиме нашите долгови, но без спонзорите и партнерите, тоа не беше доволно“, потврдија од клубот на социјалната мрежа ВК.

Под водство на милијардерот Сулејман Керимов, од 2011 до 2013 година, клубот од Дагестан го шокираше фудбалскиот светс о низа големи трансфери. Тие завршија на третото место во Руската Премиерлига во 2012/13, и успеаја да ги победат Ливерпул во европските натпреварувања. Но, откако се „умори“ од финансиските обврски, тој го скрати финансирањето. Анжи по ова испадна од првата лига, пред уште еднаш да се вратат, пред во 2018 да испаднат прво во втората, а потоа и во третата руска лига.

Scroll to Top