Кинеската фудбалска федерација објави дека кинеските клубови од следната сезона ќе мораат да го почитуваат „селери капот“, односно ограничувањето на платите кои ги исплаќаат на фудбалерите, што може да значи крај на доаѓањето на големите ѕвезди во овие клубови.
Ова е само една од низата мерки кои федерацијата ги воведе за лимитирање на трошењето на клубовите – сега ниту еден кинески фудбалер нема да смее да заработува повеќе од 1.28 милиони евра, додека странците ќе имаат ограничени плати на 3 милиони евра по платен данок. Клубовите ќе бидат ограничени на трошење од 141 милиони евра годишно, а платите не смеат да бидат повеќе од 60 отсто од оваа сума.
Во Кинеската Суперлига сега има астрономски плати за фудбалери како Оскар (20.8 милиони годишно), Хулк (17 милиони), Грацијано Пеле (15 милиони) и Маруан Фелаини (12.2 милиони).
„Нашите клубови потрошија премногу пари. Професионалниот фудбал не се менаџира на оддржлив начин и ако не преземеме мерки, се плашиме од колапс“, вели претседателот на Кинеската федерација, Чен Ксујуан.