Top Sport

Златан се врати во Милан!

Сите најави се остварија, откако Милан потврдија дека во нивните редови се враќа шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ со договор до крајот на годината, кој може да се продолжи ако се остварат одредени услови.

38-годишниот Ибрахимовиќ доаѓа на „Сан Сиро“ од Лос Анџелес галакси, а се враќа во „росонерите“ каде што играше од 2010 до 2012 година освојувајќи една титула од Серија А.

„Се враќам во клубот за кој имам огромна почит и во градот кој го сакам. Ќе се борам со моите соиграчи да ја смениме насоката оваа сезона и ќе направам сè што можам за остварување на целта“, изјави Ибрахимовиќ за официјалниот веб-сајт на Милан.

Швеѓанецот има 535 голови во кариерата, а во последната сезона во американската МЛС имаше 30 гола и седум асистенции во 29 меча, завршувајќи како втор при гласањето за МВП на лигата зад Карлос Вела од ЛАФЦ. Во 2018, Ибрахимовиќ имаше 22 гола и 10 асистенции во 27 меча.

Ибрахимовиќ има освоено 11 лигашки титули во четири различни земји, а за Шведска играше 114 пати, постигнувајќи 62 гола.

Scroll to Top