Top Sport

Шести стрелец на сите времиња, Новицки го престигна Чембрлен (Видео)

Легендарниот Дирк Новицки го престигна Вилт Чембрлен на шестата позиција, на листата на најдобри стрелци, во историјата на НБА лигата.

Далас Маверкс, изминатата ноќ играа против Њу Орлеанс Пеликанс, Новицки влезе во историјата, а Мавс не успеаја да победата 125:129.

Новицки, кој ја игра 21 сезона во Далас, натпреварот го заврши со осум поени и во кариерата стигна до бројката 31.424 поени, шест повеќе од Чембрлен.

На вечната листа пред Диркенштајн се Мајкл Џордан (32/292), Леброн Џејмс (32.439), Коби Брајант (33.643), Карл Мелоун (36.928) и Карим Абдул-Џабар (38.387).

Дирк Новоцки со Далас бил шампион во 2011 година, кога бил прогласен и за МВП на финалето, а во 2007 година бил МВП на регуларниот дел од сезоната. Германецот 14 пати играл на „Ол Стар“ натпреварот и четири пати бил биран во најдобрата петорка во лигата.

Scroll to Top