Поранешниот спрски репрезентативец, Александар Коларов, одбил да го раскине договорот со Интер. И покрај тоа што е отпишан од Симоне Инзаги, тој ќе остане во клубот до крајот на сезоната.
Интер, на Коларов, му понуди да го раскине договорот кој му истекува на крајот од сезоната и да започне да работи како скаут во клубот. Според италијанските медиуми тој без размислување ја одбил понудата.
Не е познато дали по завршувањето на сезоната,кога ќе му заврши договорот, тој ќе замине во пензија или ќе бара нов клуб.