Top Sport

Колумбија може да ја загуби организацијата на Копа Америка

Колумбија може да ја загуби организацијата на континенталниот шампионат, Копа Америка, кое треба да го ко-организира заедно со Аргентина откако протестите во земјата создадоа целосна блокада.

Протестите започнаа на крајот на април по предлогот на претседателот Иван Дуке за реформа на даночните закони и законите за здравство, план кој ќе го стави товарот на работничката класа која е погодена и од влијанието на пандемијата на корона вирусот. Повлекувањето на предлогот не ги смири протестите, а „националниот штрајк“ како што се нарекува трае цела недела, посебно во големите градови како Кали и Богота.

Повеќе од 50 луѓе ги загубија животите во судирите со полицијата, а повеќе од 800 се повредени. Фудбалските натпревари веќе не се оддржуваат цел месец, поради што беа преселени мечевите од Копа Либертадорес и Копа Судамерикана во Парагвај.

Ова не е првпат немирите во Колумбија да предизвикаат загриженост пред Копа Америка. Во 2001, кога имаше терористички напади од герилата ФАРЦ, Аргентина се откажа поради безбедносни причини, додека Бразил прати ослабен тим, по што домаќините станаа шампиони.

Scroll to Top