Top Sport

Колумбиска пресметка – брутално убиен поранешниот фудбалер Гонзалез

Хуан Диего Гонзалез, поранешниот фудбалер на американскиот МЛС тим, Филаделфија јунион и повеќе јужноамерикански клубови, е брутално убиен во неговата татковина, јавуваат локалните медиуми.

Телото на Гонзалез било пронајдено во Антиокија, на 15 километри од Меделјин распарчено и ставено во вреќа, заедно со второ тело на уште едно 19-годишно момче. Властите веруваат дека се работи за расправија за пари во Меделјин, градот на Пабло Ескобар и на колумбиската кокаинска мафија.

Гонзалез го освои Колумбискиот куп со Ла Екидад во 2008 и Меркосур купот со аргентинскиот клуб Сан Лоренцо во 2001 година

Индепендиенте Санта Фе и Депортиво Индепендиенте Меделјин, два од клубовите во кои тој играше, понудија сочувство до неговото семејство на Твитер.

Scroll to Top