Top Sport

Коман не се „стресе“, со два гола ги врати Баерн на врвот (видео)

Баерн Минхен не го дава првото место во Бундеслигата, откако на гостувањето кај Фортуна Диселдорф стигнаа до убедлива 1:4 победа надминувајќи ја проблематичната недела одбележана со конфликтот на тренингот помеѓу Кингсли Коман и Роберт Левандовски.

Токму Коман беше клучниот човек за тимот на Нико Ковач, откако постигна два гола во првото полувреме, а Серж Гнабри го потврди триумфот во второто полувреме. Домаќините добија утешен гол од пенал преку Доди Лукебакио во 89. минута, пред Леон Горецка три минути подоцна да смести уште еден гол во мрежата на домаќините.

Со оваа победа, Баерн се вратија на првото место во Германија со 67 поени, еден повеќе од Борусија на второто место на седум кола пред крајот на шампионатот.

БУНДЕСЛИГА, 29. КОЛО

Хофенхајм – Херта 2:0

Фортуна Диселдорф – Баерн Минхен 1:4

Scroll to Top