Top Sport

Шкендија остана непоразена кај Вардар и се доближи до титулата

Вардар и Шкендија одиграа дерби без голови во 28. коло во Првата лига, за тетовци да ја оддржат предноста од 12 поени пред својот најголем ривал и да направат уште еден чекор кон титулата. Во Маџари немаше голови и Вардар и осми пат едноподруго не успеа да го совлада тимот на Шкендија.

Академија Пандев не го искористи ова за да се доближи до Вардар, останувајќи на третото место со 47 поени, четири поени зад „црвено-црните“ по 1:1 ремито на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.

Работнички во пресметката на средината на табелата со 2:1 славеше кај Ренова, Шкупи со 2:1 го победи Силекс, додека „отпишаните“ Беласица и Победа одиграа 1:1.

ПРВА ЛИГА, 28. КОЛО

Беласица – Победа 1:1

Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев 1:1

Ренова – Работнички 1:2

Шкупи – Силекс 2:1

Вардар – Шкендија 0:0

Табела: 1.Шкендија 63, 2.Вардар 51, 3.Академија Пандев 47, 4.Работнички 39, 5.Ренова 36, 6.Шкупи 36, 7.Македонија ЃП 35, 8.Силекс 28, 9.Беласица 24, 10.Победа 20.

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top