Нова пауза поради повреда го очекува францускиот репрезентативец Кингсли Коман, потврди неговиот клуб Баерн Минхен. Коман се повредил синоќа на натпреварот со Тотенхем во Лигата на шампионите.
Баерн го победи Тотенхем со 3:1 и со максимани шест победи ја заврши првата фаза во Лигата на шампионите. Резултатот на овој меч го отвори Коман, кој не го заврши мечот поради повреда. Францускиот фудбалер го повредил чашката и мускулот на левото колено.
Поради оваа повреда Коман нема да игра до крајот на оваа година, односно ќе ги пропушти последните три натпревари што ќе ги одиграат неговите соиграчи во 2019 година.