Ѕвездата на Баерн Минхен, Кингсли Коман си направи проблеми со изборот на автомобили, откако го возеше својот Мекларен вреден 200.000 евра, наместо „Ауди“, спонзорот на неговиот клуб.
Шампионите од Бундеслигата се долгогодишни партнери со „Ауди“ и германскиот производител на автомобили од 2002 им дава нови автомобили на фудбалерите како дел од договорот откако станаа акционери во клубот. Според договорите на фудбалерите, тие се обврзани да возат „Ауди“ до тренинг-центарот на Забенер Штрасе, но 23-годишниот Коман реши да се повози со својот луксузен „Мекларен 570С спајдер“ и Французинот го очекува казна од 50.000 евра.
Единствен „попуст“ кој го имаат фудбалерите се возила произведени од „Фолскваген“ групацијата, што значи дека можат да возат и Бентли и Порше.
Коман, кој уште не е казнет, се извини и имаше неочекуван изговор – скршен ретровизор.
„Би сакал да се извинам на клубот и на ’Ауди’ што не пристигнав на тренингот со автомобилот на компанијата. Причината беше скршен ретровизор на моето ’Ауди’, но грешката беше моја. Ќе ја посетам фабриката во Инголштад за делење автограми што е можно побргу“, изјави Коман за „Билд“.
Kingsley Coman écopera d’une amende de 50 000€ pour être arrivé en McLaren au lieu de sa Audi.
? Coman :
« Je voudrais m’excuser auprès du club et d’Audi pour ne pas être venu à l’entraînement dans ma voiture de fonction car le rétroviseur extérieur était endommagé. » pic.twitter.com/ZT1mc8vdBu
— FCBayern France ?? (@FCBayern_French) April 17, 2020