Иако го постигна победничкиот гол во Лигата на шампионите со глава, Кингсли Коман тврди дека му е страв да ја удира топката со глава и дека поради тоа соиграчите од Баерн Минхен му се потсмеваат.
24-годишниот Французин беше клучниот човек во 1:0 победата на Баерн над Пари Сен-Жермен во април, но вели дека секогаш ги затвара очите кога ја удира топката со глава.
„Тоа е начинот на кој го правам бидејќи малку сум исплашен од играта со глава и моите соиграчи се потсмеваат со мене за тоа. Може да се забележи на фотографиите. Ги затварам очите, тоа е природен рефлекс. Во последен момент без да сакам очите ми се затворени“, вели Коман.
The goal that won the Champions League for Bayern Munich ?
Take a bow, Kingsley Coman ? pic.twitter.com/uaxnZsF9hq
— Goal (@goal) August 27, 2020