Хрватска и Бразил, попладнево ќе го одиграат првото четвртфинале на Светското првенство во Катар. Хрватите никогаш не го победиле Бразил, само еднаш одиграле нерешено во четирите меѓусебни дуели.
Хрватска е актуелен вице-правк, но Бразил влегува како голем фаворит во оваа пресметка.
Во првите четири натпревари Хрватска има гол разлика 5:2, а Бразил 7:2.
Бразилците напаѓачки, веројатно најмоќниот тим на турнирот, но можат да се потпрат и на дефанзивата. Од друга страна најголемата сила на Хрватска е редот за врска (Модриќ, Брозовиќ, Ковачиќ) и одбраната која ја предводи Јошко Гвардиол.
20.годишниот Гвардиол, со досегашните изданија во Катар, дополнително си ја крена цената. Јасно е дека е дека ќе го урне трансфер рекордот на Хари Мегваер за најскап дефанзивец. Се шпекулира дека по завршувањето на сезоната за 100 милиони евра ќе го напушти Лајпциг.
Гвардиол е водечки играч на Мундијалот според бројот на спасени големи шанси пред својот гол. Особено овој податок беше изразен во дуелот со Белгија.
Во овој параметар, Гвардиол е далеку подобар од капитенот на Бразил, 38. годишниот Тјаго Силва.
Кога ќе се погледнат останатите статистички категории, тука се речиси израмнети.
Прашање е само дали Гвардиол ќе успее да се справи со огромниот напаѓачки потенцијал што го поседува Бразил. Од друга страна, Хрватска нема таков талент во нападот, но доколку Силва и колегите од одбраната се опуштат, „коцкестите“ ќе знаат тоа да го казнат.