Top Sport

Комедија, Бејл повторно е повреден

Договорот на Герет Бејл со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната. Иако со мадридскиот клуб ја освои Лигата на шампионите и многу други титули, 32-годишниот Велшанец, кој во 2013 година пристигна од Тотенхем за 100 милиони евра, ќе остане запаметен по неодговорното однесување.

Избраниците на тренерот Карло Анчелоти утре ќе го пречекаат Еспањол во рамките на 34. коло во шпанското првенство. Иако бил во плановите на Карло Анчелоти, шпанските медиуми објавија дека Бејл нема да игра поради болки во грбот.

На овој начин тој ја продолжува неверојатната сезона во која забележа само седум настапи, од кои пет во Ла Лига и два во Лигата на шампионите. Тој постигна еден гол.

Да потсетиме, агентот Џонатан Барнет на почетокот на април потврди дека Бејл ќе го напушти Реал на крајот на сезоната.

„Тој заслужи клубот да се збогува со него на вистински начин. Но, не, се уште не сме одлучиле за иднината”, изјави тогаш Барнет.

Scroll to Top