Оливие Жиру, по мечот со Бугарија, се пожалил дека не добива доволно топки од соиграчите. Изјавата го налутила Килијан Мбапе, кој сакал да влезе на прес конференцијата за да му одговори на соиграчот.
Франција, во генералната проба, пред старот на ЕУРО 2020, ја победи Бугарија со 3:0. Два гола, во второто полувреме, постигна Жиру, кој на теренот го замени повредениот Карим Бензема во 41.минута.
„Лекип“, објави дека Мбапе се налутил кога слушнал дека Жиру изјавил дека не добива доволно топки, односно дека соиграчите го игнорираат. Младиот напаѓач на ПСЖ, бил спречен од соиграчите да влезе на прес конференцијата.
„Лекип“, пишува дека изјавата на Жиру и незадоволството на Мбапе, ја нарушиле позитивната во редовите на репрезентацијата, која многумина ја сметаат да главен фаворит за освојување на титулата.
Франција, на ЕП, ќе игра против Португалија, Германија и Унгарија.