Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо влезе во остар напад на неговиот поранешен напаѓач Душан Влаховиќ и неговите агенти, но не ги поштеди од критики ниту навивачите на Виола кои го напаѓаа него лично.
Влаховиќ го направи најголемиот трансфер во италијанската лига во јануари, преминувајќи од Фиорентина во Јувентус за 75 милиони евра плус бонуси, откако претходно ги одби богатите понуди од Арсенал, Тотенхем, Манчестер сити и Атлетико Мадрид.
Комисо открива дека агентите на Влаховиќ прво се согласиле на нов договор со 4 милиони евра годишна плата, пред одеднаш да побарат дупло поголема плата.
„На сите им беше јасно дека тој веќе има договор со некого. Кажа не на сите понуди. Бев во Англија повеќе пати, и тој постојано одговараше не. Сакаше да остане додека не му заврши договорот во 2023 и да ја уништи Фиорентина. Неговите агенти сакаа 10 отсто од трансферот и ексклузивни права за преговарање. Сакаа да направат пари на нас, така што продажбата беше вистинска операција. Неговите агенти беа нечесни и лажговци. Имавме одличен состанок во ноември, очекував позитивен одговор, но тој побара двојно поголема плата“, вели Комисо.
Во аудио-снимката објавена на сајтот на Фиорентина, Комисо исто така вели дека добивал огромен број на навреди.
„Многу сум разочаран од критиките кои ги добив, навреди со зборови кои не можам да ги прифатам. Треба внимателно да размислам за одлуките кои треба да ги направам“, додава Американецот со италијанско потекло.
? Le parole del presidente Rocco Commisso.
? Ascolta Ora: https://t.co/gQUNcalD6D#fiorentina #forzaviola #commisso pic.twitter.com/C5S82x6CpL— ACF Fiorentina (@acffiorentina) February 1, 2022