Top Sport

Комисо: За Влаховиќ мора да преговарате со мене, не со менаџерите

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, им испратил јасна порака на клубовите кои се заинтересирани за Душан Влаховиќ. Сите оние кои се заинтересиран да го донесат првиот стрелец во Серија, во јануарскиот преоден рок, ќе треба да преговараат со Комисо.

Влахоиќ одби да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2023 година. Тој ќе го напушти клубот, прашање е само кога. Самиот неколку пати изјави дека сака да остане до крајот на сезоната во Фирентина.

Најчесто со српскиот репрезентативец се поврзуваат Јувентус, Арсенал и Тотенхем.

Комисо изминатите месеи имаше проблеми со менаџерите на Влаховиќ, кои без негово знаење преговарале околу трансферот.

„Не знам дали Јувентус и Арсенал ќе можат воопшто да го донесат Влаховиќ во јануари. Сакам само да им порачам дека ние сме „сопствениците“ на Влаховиќ. Мора да преговараат со нас, не со неговите менаџери“, изјавил Комисо за „Радио 24“.

Scroll to Top