Навивачката група „Комити“ во пресрет на Велигден финансиски ги помогна фудбалерите. Најтрофејниот клуб е во очајна ситуација со оглед дека фудбалерите немаат земено плата неколку месеци, а воедно се борат за враќање во елитата.
„По натпреварот против Гостивар, дознавме дека “директорот” на клубот, Слободан Крстевски – Цобе, на фудбалерите не им ги исплатил ветените мининални финансии. Човекот кој во секој сегмент ја изневери нашата и довербата на фудбалерите, нема да го коментираме. Не е достоен за коментар!
Би сакале само да ја информираме јавноста, дека како група одлучивме, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, на сите фудбалери, и на стручниот штаб, да им подариме симболична финансиска помош. Знаеме дека тоа не е доволно, дека заслужуваат повеќе, но е искрен гест, со кој јасно порачуваме дека нивната болка е и наша болка.
Приходот од продадените билети, решивме да ги искористиме на овој начин“, објавија „Комити“.