Винсен Компани и официјално се пензионираше од професионалниот фудбал, потпишувајќи четиригодишен договор да биде тренер на Андерлехт.
34-годишниот дефанзивец се врати во клубот од Брисел од Манчестер сити минатото лето, за да биде тренер и играч, но се откажа од менаџерските обврски по лошиот старт на сезоната. Сега, тој ќе го замени Франк Феркаутерен како тренер на клубот.
„Сакам целосно да се посветам на тренерската работа и потребно ми е 100 отсто од моето време. Затоа се повлекувам како фудбалер и амбицијата останува иста иако ќе бидам различна позиција. Сакам Андерлехт да играат модерен фудбал со резултати“, вели Компани.
Тој е продукт на младинската школа на Андерлехт и дебитираше за првиот тим во 2003 година. Откако освои две лигашки титули, тој замина во Хамбург, пред две години подоцна да замине во Манчестер сити, каде што освои четири титули од Премиер лигата и имаше 360 настапи во 11 години.
Андерлехт беа само осми во белгиската Јупилер лига кога сезоната беше откажана поради пандемијата на корона вирусот.
Vincent devient l'entraîneur principal du RSC Anderlecht. En dat voor de volgende 4 seizoenen. Il arrête sa carrière de joueur et prend le relais de Franky. ?⚪ pic.twitter.com/n0ALn0udJl
— RSC Anderlecht (@rscanderlecht) August 17, 2020