Top Sport

Халеп потврди дека нема да игра на Флешинг Медоуз

Светската тенисерка број 2, двократната гренд слем шампион Симона Халеп го следеше примерот на прворангираната Австралијка Ешли Барти и се повлече од САД опен, гренд слем турнирот кој стартува на крајот на месецот.

Халеп беше загрижена за патувањето во САД и изјави дека ќе донесе одлука по настапот на Прага опен, каде што ја освои титулата и иако беше задоволна од безбедносните услови на чешкиот турнир, реши да не игра во Њујорк.

„Откако ги разгледав сите фактори околу исклучителните околности во кои живееме решив да не патувам во Њујорк за САД опен. Секогаш велев дека здравјето ќе биде на првото место и затоа решив да останам и да тренирам во Европа. Знам дека Американската тениска асоцијација (УСТА) и ВТА работеа напорно на организација на успешен турнир“, вели Романката.

Scroll to Top