Top Sport

Кондогбија: Интер е бордел, би платил да не играм таму

Жефри Кондогбија дефинитивно не сака да се врати во Милано. Откако Интер го позајми на Валенсија, францускиот фудбалер доживеа „препород“ и сега вели дека не би сакал да се врати кај „нераѕурите“.

Интер му плати на Монако 36 милиони евра за Кондогбија во 2015 година, по што минатото лето беше позајмен на Валенсија, и шпанскиот тим би сакал да го заддржи. Сепак, проблемот е цената – „Лос че“ треба да платат 25 милиони евра за нивниот договор. Кондогбија би направил сè тоа да не се случи.

„Интер е како бордел. Во две години сменија 4-5 тренери, тимот се менува секоја сезона. Тешко е за младите играчи и тешко е да се вклопиш во играта. Потребно е да има стабилност и континуитет дури и кога работите не се најдобри. Веќе кажав дека сум пресреќен во Валенсија. Откупната цена е 25 милиони евра и да ги имам тие пари јас би ги платил да не се враќам таму. Но, ќе видиме што ќе се случи летово“, вели Французинот.

Коментарите на навивачите на Интер секако нема да бидат добри по вакво „спуштање“, кое доаѓа два дена откако нивниот поранешен тренер, Франк де Бур зборуваше за „хаосот“ кај „нераѕурите“.

Де Бур: Во Интер има анархија, полесно се работи со јуниорите на Ајакс

 

Scroll to Top