Фудбалерот на Валенсија, Жофри Кондогбија, го договорил својот трансфер во Атлетико Мадрид, објави новинарот Фабрицио Романо. Поранешниот играч на Ленс, Севилја, Монако и Интер на „Ванда Метрополитано“ доаѓа како замена за Томас Парти кој замина во Арсенал.
Валенсија од трансферот на Кондогбија ќе заработи 11.000.000 евра, а ќе има и 10 отсто од наредниот трансфер, доколку тој се случи некогаш.
Францускиот фудбалер изминатите три сезони ги мина во Валенсија.