Top Sport

Конечна одлука на ФИФА – Клупскиот Мундијал во февруари во ОАЕ

Светското клупско првенство ќе се одржи од 3. до 12.февруари во Обединетите Арапски Емирати, потврди ФИФА. Клупскиот Мундијал требаше да се одржи наредниот месец во Јапонија, меѓутоа дравата се откажа од организацијата поради коронавирусот.

ФИФА, потврди, дека ждрепката ќе се одржи денес од 17 часот во Париз.

На Светското клупско првенство ќе учествуваат европскиот првак Челси, шампионите на Јужна Марикаи КОНКАКАФ, Палмеирас и Монтереј, првакот на Океанија, Оукленд од Нов Зеланд, Ал Ахли од Египет, Ал Хилал од Саудиска Арабоја и домашниот тим Ал Џазира.

Последен домаќин на клупскиот Мундијал беше Катар. На почетокот на годината титулата ја освои Баерн Минхен.

Scroll to Top