Top Sport

Берлускони против рушење на „Сан Сиро“: Тоа ќе остави длабока рана во Милано

Поранешниот италијански премиер и ексгазда на Милан, Силвио Берлускони се придружи на движењето против рушење на стадионот „Џузепе Меаца“, попознат како „Сан Сиро“, бидејќи тоа би бил „болен момент“ за сите во градот Милао.

Берлускони го презеде Милан во февруари 1986 година и 31 година беше сопственик на клубот, и под него клубот освои осум скудета и пет европски титули, по што го продаде клубот на кинески бизнисмени, а самио тој го купи второлигашот Монца.

Милан и Интер подолго време имаат план за изградба на модерен стадион, но за да се направи место за него ќе треба да се сруши „Сан Сиро“.

„Рушењето на ‘Сан Сиро’ ќе биде болно за сите. Тоа е икона на фудбалот, препознатлива низ целиот свет. Тоа ќе остави длабока рана“, вели Берлускони.

И поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати уште во 2019 година изјави дека ја сфаќа потребата за нов стадион, но е може да го замисли градот без „Сан Сиро“.

„Нов стадион би значел откажување на дел од сечијата историја, што за нас е Сан Сиро. Тоа е најверојатно најсаканиот стадион во Италија“, изјави тогаш Морати.

Scroll to Top