Top Sport

Конечно крај? Глејзери ќе му дадат отказ на Солскјер

Манчестер јунајтед ќе бара нов менаџер, откако бордот со поддршка на газдите, семејството Глејзер решија да му дадат отказ на Оле Гунар Солскјер по 4:1 поразот од Вотфорд во саботата, јавува „Би-би-си“.

Иако нема официјална потврда, според британнските медиуми, сите водечки личности во клубот вчера дискутирале на виртуелен состанок, и решено е ова да е конечно крај за норвешкиот тренер, инаку легенда на клубот. Техничкиот директор Дарен Флечер ќе го води тимот на гостувањето кај Вилјареал во Лигата на шампионите во вторник, а возможно е тренерот на првиот тим, Мајкл Керик да остане на „Олд Трафорд“.

Навивачите очекуваа 48-годишниот Солскјер да добие отказ по двата засрамувачки дерби порази на домашен терен – 0:5 од Ливерпул и 0:2 од Манчестер сити, но управата на клубот тогаш застана зад Норвежанецот, но поразот од Вотфорд и начинот на кој тимот го играше тој меч ја смени ситуацијата.

Солскјер го замени Жозе Мурињо како привремен тренер во декември 2018 година, а потоа ја доби постојано работата во март 2019 година со тригодишен договор, а во јули оваа година потпиша нов договор до 2024 година.

Scroll to Top