Холандскиот Витесе со 3:1 го победи словенечкиот клуб Мура за да се искачи на второто место во групата Г во Конференциската Лига Европа на УЕФА, што значи дека Тотенхем ќе мора да го добие својот одложен меч со францускиот Рен ако сака да „презими“ во Европа.
По неочекуваниот пораз од Мура во претходното коло, денеска Тотенхем не ги пречека Рен, откако повеќе фудбалери на нивниот клуб беа позитивни на коронавирусот, a Рен побара мечот да биде откажан, а не одложен, што би значело елиминација на Тотенхем со службени 3:0.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 6.КОЛО
ГРУПА Е
Унион Берлин – Славија Прага 1:1
Феенорд – Макаби Хаифа 2:1
ГРУПА Ф
Копенхаген – Слован Братислава 2:0
ПАОК – Линколн 2:0
ГРУПА Г
Тотенхем – Рен одложено
Витесе – Мура 3:1
ГРУПА Х
Базел – Карабаг 3:0
Омонија – Каират Алмати 0:0