Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари вели дека нема вистина во приказните за конфликт со Кристијано Роналдо откако го изостави од тимот кој ќе игра против Аталанта овој викенд и покрја тоа што Португалецот играше за сопствената репрезентација.
Сари изјави дека „нема потреба ништо да објаснува“ околу статусот на односите со петкратниот освојувач на „Златната топка“, откако тој не беше вклучен за мечот во сабота попладне. Ова доаѓа откако Роналдо беше очигледно лут на Сари откако беше заменет на мечевите од ЛШ против Локомотив Москва и од Серија А против Милан.
И покрај наводите на клубот дека тој е повреден, Роналдо играше за Португалија за мечевите со Луксембург, во кои постигна четири гола.
„Проблемот беше што во вторникот тој не се чувствуваше најдобро. Целта е да го имаме за мечевите од Лигата на шампионите“, вели Сари.
Роналдо има 5 гола во 10 настапи во Серија А за Јувентус и уште еден гол во четири настапи во ЛШ. Јуве игра со Атлетико во вторник во борба за првото место во групата, откако веќе се квалификуваа во нокаут фазата.