Top Sport

Конрад Лајмер потпиша за Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен го доведе првото засилување за следната сезона. Тоа е досегашниот фудбалер на Лајпциг, Конрад Лајмер.

Австриецот е фудбалер од средниот ред и доаѓа како слободен агент. Од претходно беше познато дека Лајмер ќе пристигне на „Алијанц арена“, а сега сето тоа се реализира.

„Конрад Лајмер му се приклучи на Баерн, потпиша договор до 30 јуни 2027 година. 26-годишниот играч од средниот ред во Минхен доаѓа на слободен трансфер од победникот во Купот на Германија, Лајпциг“, стои во соопштението на Баерн Минхен.

Scroll to Top