Top Sport

Консеисао: Артета навредуваше особа која не е меѓу живите

Арсенал, во драматичен натпревар, успеа да го елиминира Порто. „Топџиите“, ја добија пенал серијата со 4:2, откако по 120 минути голема борба резултатот беше 1:0. Леандро Тросар во 41.минута ја анулираше предноста на Порто од првиот натпревар.

Во текот на натпреварот, имаше неколку жестоки моменти меѓу двајцата тренери, Сержо Консеисао од Порто и Микел Артета од Арсенал, крај аут линијата.

По завршувањето на натпреварот, Консеисао му пришол на Артета и дополнително му приговорил, но тука нивната расправија завршила.

По натпреварот изјави дека Артета го навредувал неговото семејство.

„Тоа што Артета го кажа на шпански кон нашата клупа беше навреда за моето семејство. Тоа мора да се квалитети на шпанските тренери бидејќи истото се случи и со Гвардиола. Тој го навредуваше моето семејство. На крајот му реков да внимава бидејќи оној што го навредуваше, повеќе не е меѓу нас. И нека се фокусира на тренирање на својот тим бидејќи поради индивидуалниот квалитет на играчите има обврска да работи понапорно и подобро“, изјави Консеисао.

Извори од Арсенал ги демантираат наводите против Артета, а менаџерот на „топџиите“, не сакаше да ја коментира целата ситуација.

Слична ситуација Консеисао имаше, со поранешниот шеф на Артета, Пеп Гвардиола во 2020 година кога Порто играше со Манчестер сити.

Scroll to Top