Top Sport

(Видео) Сакраменто го растури Милвоки, настварен пресврт на Минесота во ЛА

Кошаркарите на Милвоки Бакс доживеаја тежок пораз во престолнината на Калифорнија, Сакраменто, а Минесота Тимбервулвс со нестварен пресврт во Лос Анџелес гии победија Клиперси.

Сакраменто Кингс славеа победа 129:94 во дуелот со Милвоки Бакс. Кингс во вториот период стекнаа двоцифрена предност, а во последниот пеирод беа на +37 во однос на ривалите.

Диерон Фокс забележа 29 поени, седум асистенции и шест скока, Малик Монк додаде 25, со по пет асистенции и скока, додека Домантас Сабонис натпреварот го заврши со 22 поени, 11 скока и осум асистенции.

Кај Милвоки играше само Јанис Адетокумбо, сите останари потфрлија. Гркот мечот го заврши со 30 поени, 13 скока и четири асистенции.

Минесота Тимбервулвс, кои во ЛА беа подобри од Лос Анџелес Клиперс со 118:100. Минесота убедливо победи и покрај тоа што во еден период од натпреварот Клиперси имаа предност од 22 поени.

Најдобар во тимот на Минесота, кој се бори за врвот на табелата на Западната конференција, беше Ентони Едвардс со 37 поени, осум скока и четири асистенции.

На „Ент“ му помогна Александар Никил-Вокер со 28 поени, а искусниот Мајк Конли додаде 23. Кај Клиперси Пол Џорџ имаше 22, а Џејмс Харден 12 поени и седум скока. Сепак, најголемиот впечаток (крајно негативен) кај навивачите на Клиперс е дека Каваи Ленард ја напушти играта по само 12 минути, имаше болки во грбот поради што не можеше ниту да седне.

Резултати:

Њујорк Никс – Филаделфија ‘76 106:79
Мемфис Гризлис – Вашингтон Визардс 109:97
Оклахома Сити Тандер – Индијана Пејсерс 111:121
Сан Антонио Спарс – Хјустон Рокетс 101:103
Јута Џез – Бостон Селтикс 107:123
Лос Анџелес Клиперс – Минесота Тимбервулфс 100:118
Сакраменто Кингс – Милвоки Бакс 129:94

Scroll to Top