Top Sport

Британската надеж во скејтборд со страотен пад (видео)

Британката Скај Браун, 11-годишната талентирана скејтбордерка која се обидува да стане најмладата британска олимпијка, сподели видео од нејзиниот страотен пад, откако го скрши черепот и со хеликоптер беше однесена во болница.

Браун, која е освојувачка на бронза на Светското првенство во скејтборд од 2019 година, тренираше на сопствената рампа, кога по еден скок заврши директно на главата, кршејќи го черепот, дланката и зглобот на раката.

„Обично не ги поставувам моите падови и не зборувам за нив, бидејќи сакам луѓето да ја гледаат забавната страна на скејтбордот. Но, ова беше мојот најлош пад и сакав да им пратам порака на сите дека сум во ред. Ќе се вратам посилно“, вели Браун во видеото.

Скејтбордингот ќе го има своето олимписко деби во Токио следната година, а Браун, која ќе наполни 13 години во јули 2021 ќе стане најмладата британска олимпијка ако се квалификува за Игрите.

Scroll to Top