Top Sport

Консеисао: Порто нема да размислува за одмазда против Ливерпул (видео)

Порто нема да бидат мотивирани од можноста за одмазда над Ливерпул во утрешниот прв меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите вели нивниот тренер Сержо Консеисао.

Ливерпул лани во осминафиналето го победи Порто со 0:5 на нивни терен, по што дома одигра 0:0 на патот до финалето на ЛШ, каде што загубија од Реал Мадрид.

„Нема одмазда. Сите натпревари имаат различна приказна. Ниту еден претходен резултат не може да го смени нашиот пат. Не мораме да размислуваме за лани, имаме доволно голем предизвик пред нас. Ливерпул е силен тим и добро го познаваме“, вели Консеисао.

Порто се во четврт-финалето на ЛШ првпат од 2003/04, кога ја освоија титулата под Жозе Мурињо, но Консеисао признава дека тие не се фаворити против лидерите во Премиер лигата.

„Ливерпул се на највисоко можно ниво. Тие секоја недела имаат силна конкуренција, а со нас не е така, без да ја намалувам силата на клубовите од Португалија. Сфаќајќи ја силината на противникот, мораме да имаме креативен пристап кон стратегијата за мечот“, вели Консеисао.

Првиот меч се игра утре на „Енфилд“.

Scroll to Top