Top Sport

Конте: Арсенал, засега, се понапред од Тотенхем

Антонио Конте инсистира дека Арсенал се „понапред“ од неговите Тотенхем во обидот да се вратат во елитата во Премиерлигата пред неговото прво дерби на северен Лондон во недела.

Конте го наследи Нуно Еспирито Санто како менаџер на Тотенхем во ноември и се обидува да ги врати Спарс со прв топ 4 пласман од 2019 година. Отсуството на лутите ривали, Арсенал трае подолго – „топчиите“ не се пласираа во ЛШ последните пет години, но оваа сезона конечно се гледа подобрувањето во тимот на Микел Артета откако потроши 140 милиони фунти на пет нови засилувања во текот на летото.

Конте се обидува да го убеди клубот дека и нему му е потребен буџет за трансфери веќе во јануари (се шпекулира дека шест фудбалери ќе заминат).

„Тие работат, и почнаа да работат и да градат нешто важно. Имаа повеќе време од нас и Артета имаше можност да работи со дел од играчите неколку години и добро да ги запознае. Според мене, тие завршуваат одлична работа. Затоа се понапред во проектот од нас, бидејќи почнаа поодамна со ист тренер. Арсенал е многу добар тим“, вели Конте.

Оддржувањето на дербито е неизвесно бидејќи Арсенал има огромен број на позитивни фудбалери поради КОВИД-19, а покрај тоа Мохамед Елнени, Томас Парти, Никола Пепе и Пјер-Емерик Обамејанг се на Африканскиот куп на нации.

Scroll to Top