Top Sport

Конте чека да го „тепа“ Банега за навредата за неговата перика!

Интер го загуби финалето од Лига Европа од Севилја, а Антонио Конте најмногу беше лут на Евер Банега, откако аргентинскиот ветеран на шпанскиот клуб по барањето на втор пенал за „нераѕурите“ го допрел тренерот за косата и го прашал: „Ајде да видиме дали носиш перика“.

Конте, кој не можеше да ја скрие лутината, според италијанските медиуми му порачал: „Ќе се видиме по натпреварот!“.

По крајот на мечот, Конте повторно имаше проблеми со Банега и си разменија неколку зборови.

„Ќе те чекам тука, ова не е готово. Ќе те чекам тука“, му порачал Конте на Банега.

Scroll to Top