Top Sport

Конте: Четвртото место е нашиот максимум

Тотенхем вчера на домашен терен загуби од Астон Вила со 2:0. Тоа беше првиот натпревар во Премиер лигата, во новата 2023 година. Изненадувачки е резултатот бидејќи Тотенхем изминатите неколку сезони секогаш доминираше против Астон Вила.

Поразот од Вила го коментираше менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте.

„Бев многу јасен во разговорите со клубот во текот на летото кога луѓето зборуваа дека Тотенхем е кандидат за титулата. Имам доволно искуство за да знам каква е вистинската ситуација, беше малку лудо читањето на сите тие написи. Имаме различни профили на фудбалери, но немаме многу играчи кои се навистина добри за да се надигруваат со противникот во ситуации еден на еден“, изјави Конте и додаде.

„Ќе бидам искрен и ќе бидам многу јасен. Тоа му го кажав на клубот, а и претходно го кажав своето мислење. Навивачите го заслужуваат најдоброто. Можеби е најдобро за Тотенхем да остане на петтото место. Можеме само да бидеме петти, шести, седми и во најдобар случај четврти“.

Scroll to Top