Top Sport

Конте: Да го вратиме Интер онаму каде што му е местото

Новиот тренер на Интер, Антонио Конте, изјавил дека го прифатил повикот од „Џузепе Меаца“ поради желбата да го врати клубот „онаму каде што ми е местото“. Интер, утрово, објави дека Конте е новиот тренер.

Интер сезоната во Серија А ја заврши на четвртото место на табелата и ќе игра во Лигата на шампионите во наредната сезона. Целта на челниците на клубот е следната сезона Интер да се вклучи во борбата за шампионската титула.

„Започнува ново поглавје во мојот живот. Возбуден сум. Со својата работа ќе се обидам да им се одолжам на челниците што ми ја дадоа својата доверба. Го прифатив повикот на интер поради се она што претставува овој клуб, поради проектот и амбициите. Поради историјата што клубот ја има. Сакам да го вратиме Интер онаму каде што му е местото“, рекол Конте.

Според италијанските медиуми, Конте во Интер ќе има годишна плата од 11 милиони евра.

Scroll to Top