Top Sport

Вавринка: Мареј е еден од великаните на тенисот

Стен Вавринка вели дека Енди Мареј, кој исто како него има три гренд слем титули во кариерата, е еден од великаните на тенисот, откако Шкотланѓанецот во неделата го победи во финалето во Антверпен за прва титула од 2017 година.

„Тој е неверојатен шампион, дел од големата четворка, еден од најдобрите тенисери кои воопшто фатиле рекет. Освоил сè што може во тенисот. Вистински шампион и голем фајтер. Помислете, тој се врати од операција на колкот и игра на исто ниво“, вели Вавринка.

Двајцата тенисери полека се враќаат во форма при крајот на АТП сезоната, но може да се охрабрат пред првиот гренд слем во 2020 во Австралија во јануари.

Scroll to Top