Top Sport

Конте доби херојски пречек, па Тотенхем дадоа три гола за 28 минути!

Старт на нова ера на стадионот на Тотенхем. Барем така се надеваат навивачите на лондонскиот клуб, откако му дадоа херојски пречек на новиот менаџер, Антонио Конте, за потоа нивниот тим да постигне три гола за 28 минути против Витесе во меч од Конференциската лига на УЕФА, третолигашкото европско натпреварување.

По ова, Тотенхем имаа „атомски старт“ – Сон Хеунг-Мин во 15. минута, Лукас Моура во 22. минута и Хери Кејн во 28. минута стрелаа за импресивен старт, иако Витесе успеа да врати два гола – Расмусен во 32. и Беро во 39. најавија интересен меч.

Scroll to Top