Top Sport

Рома спречи нов срам против Бодо/Глимт, Конте стартуваше со нервозна победа

Жозе Мурињо и Антонио Конте, несомнено, се едни од најдобрите фудбалски тренери во последната деценија, но двајцата вечерва се најдоа со своите клубови во третолигашкото европско натпреварување, Конференциската лига, каде што добро се намачија.

Рома на Мурињо, по катастрофалниот пораз од норвешкиот Бодо/Глимт од 6:1 пред две недели, имаше совршена шанса за одмазда, но аутсајдерот на „Олимпико“ беше на чекор до нова шокантна победа, пред в 84. минута да израмнат на 2:2. Малубројните фанови на норвешкиот клуб на трибините стигнаа со банери на кои пишуваше 6:1, и имаа шанса да присуствуваа на уште еден историски момент.

Солбакен ги шокираше домашните навивачи во финишот на првото полувреме, пред Стефан Ел Шарави да израмни во 55. минута за враќање на надежта во „волчицата“. Сепак, Ерик Ботхајм, пријателот на Ерлинг Халанд, пак го шокираше Мурињо во 65. минута од мечот. Нов срамотен пораз спречи Рожер Ибанез во 84. минута од мечот.

Неговиот лут ривал, Антонио Конте, сега повторно во Англија, беше поуспешен во првиот меч како менаџер на Тотенхем, во нервозната 3:2 победа над холандскиот Витесе. По херојскиот пречек кој го доби, Тотенхем поведоа со 3:0, но Витесе до крајот на полувремето дадоа два гола, по што Кристијан Ромеро во 59. минута доби црвен картон, оставајќи ги Спарси на мака до крајот на мечот.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА НА УЕФА, 4.КОЛО

ГРУПА Ц

Рома – Бодо/Глимт 2:2

ГРУПА Е

Унион Берлин – Феенорд 1:2

Славија Прага – Макаби Хаифа 1:0

ГРУПА Ф

ПАОК – Копенхаген 1:2

ГРУПА Г

Рен – Мура 1:0

Тотенхем – Витесе 3:2

Scroll to Top