Менаџерот на фудбалерите на Челси, Антонио Конте, изјавил дека победата над Хал Сити во ФА купот е добра за самодовербата на играчите во пресрет на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Барселона.
Челси синоќа како домаќин убедливо го порази членот на Чемпионшип дивизијата Хал со 4.0 и се пласира во четвртфиналето на најстарото натпреварување во светот на фудбалот.
Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ менаџерот на Челси, Конте, го искористи за да ги одмори најдобрите играчи пред натпреварот с Барселона.
„Да се победи во лигата, а потоа и да се избори пласман понатаму во ФА купот е важно за самодовербата и подготовката за натпреварот со Барселона. Ќе биде тоа голем натпревар, а ние мора да веруваме во себе.Дуелот стартува од 0:0. Мораме да се обидеме натпреварот да го насочиме во вистинска насока“, рекол Конте.
Двомечот на Челси и Барселона е еден од најпривлечните во осминавиналето, а според прогнозите благ фавори е Барселона.
„Да се игра против Барселона е голем предизвик. Од една страна можеш да бидеш тажен што играш против нив, а од друга страна не можеш а да не бидеш возбуден. Мораме да веруваме во нашите можности“, истакнал италијанскиот тренер.
Инаку Конте потврдил дека за првиот меч нема да може да смета на услугите на Тиемуе Бакајоко, додека Шпанецот Маркос Алонсо ќе биде подготвен да настапи.
Првиот осиминафинален натпревар во Лигата на шампионите Челси и Барселона ќе го одиграа во вторник ан „Стенфорд Бриџ“ во Лондон со почеток од 20:45 часот. Реваншот во Барселона на програмата е на 14.март.