Top Sport

Конте ги смири Бразилците: Ришарлисон ќе игра на Мундијалот

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека сигурно нема опасност бразилскиот репрезентативец Ричарлисон да го пропушти Светското првенство поради повредата што ја заработи при победата над Евертон. Сепак, напаѓачот го пропушта гостувањето кај Манчестер Јунајтед в среда.

„Откако ќе ги мине деталните прегледи, ќе знаеме колку време ќе биде надвор од терените. Тој сигурно нема да биде достапен за натпреварот со Манчестер Јунајтед. Сепак, нема опасност да го пропушти Светското првенство. Можам да го потврдам тоа. Нема таков ризик“, увери Конте.

„Кулушевски работи напорно и секојдневно ја следиме неговата состојба. Се уште не знам дали ќе биде достапен за Манчестер Јунајтед. Се надеваме дека ќе биде во тимот што е можно поскоро. Двајцата се многу важни играчи за нас“, додаде Италијанецот.

Конте не сакаше да ги коментира информациите дека наскоро би можел да потпише нов долгорочен договор со Тотенхем.

„Сега најважно е да се подготвиме за следниот натпревар и за тешкиот период што следи. Ќе разговараме со клубот и ќе го најдеме најдоброто решение за сите“, истакна тој.

Scroll to Top