Тотенхем го потврдија пристигнувањето на Иван Перишиќ како слободен играч од Интер, откако менаџерот Антонио Конте доби зелено светло да почне со изградбата на тимот.
33-годишниот Перишиќ добива двегодишен договор со лондонскиот клуб, и повторно ќе работи со Конте, со кого имаше бурна, но и успешна соработка во Интер, освојувајќи го скудетото во 2020/21. За Тотенхем, пак, ова е отстапување на претходната тактика на потпишување на договори со млади фудбалери, и знак дека Конте ќе ја добие посакуваната поддршка. Перишиќ покрај скудетото со Интер, има и бундеслигашки титули со Борусија Дортмун и Баерн Минхен.
„По 254 мечеви, 55 гола, 49 асистенции, 3 трофеи и 18.934 минути на теренот со овој славен дрес, мојот пат дојде до крајот. До тимот, соиграчите, сите вработени и секако, навивачите, ќе имате посебно место во моето срце“, им се обрати Перишиќ на навивачите на „нераѕурите“.
✍️ We are delighted to announce the transfer of Ivan Perišić.
Welcome to Spurs, Ivan! ?
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) May 31, 2022
Конте прво го избрка Перишиќ од Интер, за сега да му е прва желба во Тотенхем