Top Sport

Конте го отпишал и Перишиќ?

Антонио Конте не е задоволен од изданието на својот тим на натпреварот против Манчестер Јунајтед, одигран во рамките на Меѓународниот Куп на шампионите. Во Сингапур Интер беа поразени со 1-0.

Една изјава на Конте по мечот особено го привлече вниманието на италијанските новинари. Новиот тренер на Интер не бил задоволен од изданието на Иван Перишиќ.

„Работиме но одговорите не се позитивни. Мислам дека Перишиќ не одговара за улогата што јас ја барам. Занм дека во овој момент може да игра само како напаѓач“, рекол Конте.

Тренерот на Интер имал замисла Хрватот да игра како бек-крило во неговата омилена формација 3-5-2, односно да ја покрива целата лева страна.

Италијанските медиуми се сигурни дека по Мауро Икарди и Раџа Наинголан следниот што ќе го отпише тренерот е токму Перишиќ.

Инаку тие не ја исклучуваат ниту можноста Перишиќ да им биде понуден на Манчестер Јунајтед како дел од трансферот на Ромелу Лукаку.

Scroll to Top