Top Sport

Конте го презема Интер, се согласуваат италијанските медиуми

Италијанските медиуми се сигурни дека Антонио Конте се согласил да стане нов тренер на Интер на местото на Лучано Спалети ова лето.

Повеќе извори, вклучувајќи ги „Скај спорт Италија“, „Газета дело спорт“, „Ла република“ и „Спортиталија“ ги објавуваат истите детали за договорот со кој поранешниот тренер на Челси ќе заработува 10 милиони евра годишно. Должината на договорот е најмалку на три сезони, а договорот не зависи од успехот на „нераѕурите“ да се квалификуваат за Лигата на шампиони, за што им треба победа во мечот со Емполи овој викенд (кој ќе биде последен за Спалети како тренер на клубот).

Конте е легенда на Јувентус, со кои освои пет титули како фудбалер и трофеј од Лигата на шампионите од 1995/96, по што како тренер на клубот додаде три титули од Серија А од 2011 до 2014. Се веруваше дека тој може да се врати во Торино, посебно откако неговата замена во клубот, Макс Алегри беше отпуштен, но „бјанконерите“ ќе бараат тренер на друго место.

На „Џузепе Меаца“ тој ќе се обедини со Џузепе Бепе Марота, спортскиот директор со кој работеше во Јувентус. Вестите доаѓаат откако Конте го доби случајот со Челси, кои ќе треба да му исплатат одлична сума за предвременото отпуштање.

Scroll to Top