Top Sport

Риека со шок за Динамо Загреб, Локомотив Москва со рускиот куп (видео)

Риека по петти пат е освојувач на Купот на Хрватска, откако во драматичен меч во Пула со 3:1 го победи Динамо Загреб и не дозволи „модрите“ да слават нова двојна титула.

Риека имаше фантастично прво полувреме – Чолак ги донесе во водство во 13. минута, а Халиловиќ зголеми на 2:0 во 39. минута. Динамо се врати во игра во 63. минута со голот на Оршиќ, а во 74. минута имаа совршена шанса за израмнување по досудениот пенал, но голманот Симон Слуга успеа да го одбрани ударот на Дани Олмо, за во 85. минута Квржиќ да го потврди триумфот на риечани.

Во Самара пак, Локомотив Москва по осми пат го освои Купот на Русија, откако со 1:0 беа подобри од Урал Екатеринбург. Дмитриј Баринов го постигна единствениот гол на мечот во 27. минута по асистенција на Фернандеш.

Scroll to Top