Интер имаше лош меч во Бугарија против Лудогорец, барем во првиот час игра, пред Кристијан Ериксен со убав удар за го „скрши“ отпорот на домашниот тим, пред Ромелу Лукаку од пенал во финишот да ги постави конечните 0:2.
Ериксен дојде кај „нераѕурите“ во зимскиот преоден рок од Тотенхем, и засега, Конте ретко кога му дава цели 90 минути, но вели дека тоа е нормално.
„Тој беше добар вечерва, но има уште работа пред него и мислам дека може да биде многу, многу подобар. Добро е што даде гол, бидејќи тоа помага со самодовербата, но сега треба да го врати темпото и интензитетот кои му беа најголема сила последните години. Не се брзаме, но знаеме дека имаме фудбалер кој може да го крене нивото. Зошто не игра повеќе? Бидејќи јас мислам што е најдобро за Интер и го интегрирам новиот фудбалер на најдобар начин, за разлика од другите кои мислат на други работи“, вели Конте.
ЛЕ: Ериксен со деби-гол за победа на Интер, Јунајтед само со реми во Бриж (видео)