Менаџерот на Челси Антонио Конте за само неколку месеци од почетокот на сезоната со многумина во клубот ги расипа односите. Последен кој се најде во немилост на менаџерот е дефанзивецот Давид Луис.
Бразилскиот дефанзивец неделното дерби со Манчестер Јунајтед го следеше од трибините на „Стенфорд Бриџ“. Челси и без Луиз во составот победи 1:0.
Конте на Бразилецот му порача дека треба да смени многу работи доколку сака повотрно да добие шанса во првиот тим.
Сепак англиските медиуми објавија дека Давид Луиз е во немилост на тренерот поради добрите односи со поранешниот соиграч Диего Коста.
Бразилецот со шпански пасош поради лошите односи со Конте мораше да го напушти клубот, иако минатата сезона како најдобар стрелец даде огромен придонес во освојувањето на шампионската титула.
Поддршката која Луиз му ја давал на сонародникот е причината поради која го загубил местото во тимот, а ист е случајот со уште еден добар пријател на Коста, исто така Бразилец, Вилијан.