Top Sport

Конте има повисока плата од Пирло, Фонсека, Гатузо и Гасперини заедно!

Италијанскиот спортски весни „Ла газета дело спорт“ ги откри платите на тренерите во Серија А, на чие чело е Антонио Конте со огромна плата од 12 милиони евра по сезона во споредба со 500.000 евра годишно кои ги добива Винченцо Италијано, тренерот на Специја.

„Нераѕурите“ очигледно веруваат дека Конте е вистинскиот човек за враќање на титулата на „Меаца“ и тој зема дури 9.5 милиони евра повеќе од второпласираниот на листата, тренерот на Рома, Пауло Фонсека со 2.5 милиони евра.

Џанпјеро Гасперини од Аталанта е на третото место со 2.2 милиони евра, додека зачудува релативно ниската плата на првиот човек на Јувентус, Андреа Пирло кој е на седмото место со 1.8 милиони евра. Пирло, сепак, е пред својот поранешен соиграч Џенаро Гатузо, кој е на деветтото место со 1.5 милиони евра.

ПЛАТИТЕ НА ТРЕНЕРИТЕ ВО СЕРИЈА А

1.Антонио Конте (Интер) 12.000.000 евра

2.Пауло Фонсека (Рома) 2.500.000 евра

3.Џанпјеро Гасперини (Аталанта) 2.200.000 евра

4.Симоне Инзаги (Лацио) 2.000.000 евра

4.Стефано Пиоли (Милан) 2.000.000 евра

4.Синиша Михајловиќ (Болоња) 2.000.000 евра

7.Андреа Пирло (Јувентус) 1.800.000 евра

7.Клаудио Раниери (Сампдорија) 1.800.000 евра

9.Џенаро Гатузо (Наполи) 1.500.000 евра

9.Еузебио ди Франческо (Каљари) 1.500.000 евра

9.Марко Џампаоло (Торино) 1.500.000 евра

12.Роберто де Зерби (Сасуоло) 1.100.000 евра

13.Филипо Инзаги (Беневенто) 1.000.000 евра

13.Иван Јуриќ (Верона) 1.000.000 евра

15.Џузепе Јакини (Фиорентина) 900.000 евра

16.Роландо Маран (Џенова) 850.000 евра

17.Лука Готи (Удинезе) 600.000 евра

17.Џовани Стропа (Кротоне) 600.000 евра

19.Фабио Ливерани (Парма) 500.000 евра

19.Винченцо Италијано (Специја) 500.000 евра

Scroll to Top